Австрија бара Западен Балкан да ги почувствува придобивките од ЕУ уште пред формалното членство
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Австрија предлага нов модел за проширување на Европската Унија, според кој земјите од Западен Балкан би добивале конкретни економски придобивки уште пред да станат полноправни членки. Според овој предлог, кандидатите постепено би добивале пристап до единствениот европски пазар, паралелно со спроведувањето на потребните реформи, наместо да чекаат целиот процес на пристапување да заврши. Австриската министерка за надворешни работи Беате Мајнл-Рајзингер, во интервју за „Евроњуз“ објавено на 15 октомври, оцени дека сегашниот процес на проширување е премногу сложен и бирократски и дека мора да се промени начинот на кој Унијата ги приближува земјите кандидати до членството. Таа посочи дека реформите што треба да ги спроведат земјите од Западен Балкан се неопходни, но дека граѓаните и компаниите треба многу побрзо да ги почувствуваат нивните резултати. Според австрискиот предлог, земјите кандидати би добивале пристап до одредени делови од единствениот европски пазар веднаш штом ќе ги исполнат потребните реформски услови, а не дури по завршувањето на целиот процес на пристапување. На тој начин, како што се наведува, економските придобивки од европската интеграција би станале видливи и пред формалното членство. Мајнл-Рајзингер смета дека ваквиот пристап би ја зголемил мотивацијата за реформи, бидејќи државите и граѓаните би можеле веднаш да ги почувствуваат ефектите од нивното спроведување. Таа нагласува дека проширувањето не претставува само економски или административен процес, туку и стратешко прашање за иднината и безбедноста на Европа. Австриската министерка го оцени проширувањето како најважниот и најмоќниот геостратешки инструмент што ѝ стои на располагање на Европската Унија, особено во услови на засилено влијание на Русија и Кина во регионот. Таа предупредува дека долгото чекање на земјите кандидати создава простор за зголемено руско и кинеско влијание во Западен Балкан. Според неа, токму затоа е неопходно да се најде начин кандидатите да не чекаат со години за да г