FinPortal.mk

Австралија ги крена каматите на 4,6 отсто — највисоко ниво во 15 години

FinPortal.mk  · 
Австралија ги крена каматите на 4,6 отсто — највисоко ниво во 15 години

Централната банка на Австралија во вторникот ја зголеми основната каматна стапка на 4,6 отсто, што е највисоко ниво во последните 15 години. Со оваа одлука Австралија се обидува да ја задржи под контрола инфлацијата поттикната од конфликтот на Блискиот Исток, објави CNBC.

Зголемувањето од 25 базични поени беше во согласност со очекувањата на економистите анкетирани од Ројтерс. Резервната банка на Австралија годинава каматите ги крена четири пати, со вкупно зголемување од 100 базични поени, бидејќи инфлацијата останува тврдоглава.

Инфлацијата во Австралија во 2026 година се движеше над целната зона од 2 до 3 отсто, достигнувајќи максимум од 4,6 отсто во март. Последниот податок за инфлацијата во јули изнесуваше 3,5 отсто, што беше над очекувањата. Податокот за август треба да биде објавен в среда.

На претходниот состанок Резервната банка на Австралија соопшти дека „инфлацијата е сè уште превисока“ и дека е поттикната од домашните ценовни притисоци и повисоките цени на енергијата поради војната со Иран. Анализа на Bank of America од минатата недела посочи дека инфлацијата забрзува наместо да се враќа кон целта.

Според Bank of America, постојат и докази за секундарни ефекти од енергетските трошоци, што го зајакнува ризикот инфлацијата да стане вкоренета. Резервната банка на Австралија предупреди и на забавување на растот на земјата како резултат на повисоките камати. Австралиската економија во вториот квартал порасна 2,1 отсто, што е намалување од 2,5 отсто во првите три месеци од годината.