АВМУ: Заканите и повикувањето на насилство кон новинарка не се легитимно изразување несогласување
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) укажува на сериозноста на содржините објавени на социјалната мрежа Фејсбук, насочени кон новинарката Милка Смилевска, кои, покрај навредливиот и вознемирувачки карактер, содржат и директни закани и повикување на физичко насилство. Од Агенцијата оценуваат дека ваквите пораки се особено загрижувачки бидејќи го надминуваат просторот на дозволено изразување несогласување и критика. Според АВМУ, секој поединец има право да не се согласува со ставовите, мислењата и професионалните постапки на новинарите, како и јавно да ги изразува своите критики. Сепак, како што се наведува, несогласувањето треба да се артикулира преку аргументирана дебата, факти и издржани ставови, а не преку навреди, лични дискредитации, заплашување или повикување на насилство. Од Агенцијата конкретно посочуваат дека коментарите објавени под фотомонтажата со ликот на новинарката, меѓу кои и коментарот „кршење на коски на ороспии платени од сорос сатаната“, содржат експлицитни повици за физичко насилство. Ваквите пораки, како што се нагласува, не претставуваат легитимен начин на изразување несогласување ниту можат да се оправдаат со повикување на слободата на изразување. АВМУ потсетува дека дигиталниот простор не е надвор од опсегот на правилата и механизмите за заштита на личната безбедност и достоинство и дека надлежните институции треба сериозно да ги разгледаат ваквите случаи и да преземат соодветни мерки во рамките на своите законски надлежности. Од Агенцијата нагласуваат и дека во демократско општество различните ставови и мислења треба да се соочуваат преку аргументирана дебата, а не преку закани и насилство. Почитувањето на ваквиот принцип, како што се додава, е особено важно за создавање средина во која новинарите ќе можат слободно, независно и без страв да ја вршат својата професија. Реакцијата на АВМУ доаѓа по објавувањето на спорните содржини на социјалната мрежа Фејсбук, при што Агенцијата ја нагласува потребата од јасна граница ме