Атлетико Мадрид со остра порака до Мурињо: Престанете со притисокот врз судиите
FinPortal.mk · 21.9.2026 г.
Реакциите по мадридското дерби меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид не стивнуваат ниту ден по натпреварот одигран на стадионот „Метрополитано“. Атлетико славеше со 2-1 и замина на тринеделна пауза со голема победа, но во таборот на Реал Мадрид главна тема и понатаму останува судењето, што предизвика отворена расправија меѓу двата клуба. Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, по натпреварот отворено го критикуваше судискиот тим, а на прес-конференцијата дури донесе и испечатени фотографии од две спорни ситуации, обидувајќи се да го поткрепи своето незадоволство од арбитражата. Одговорот од Атлетико Мадрид не стигна долго потоа. Клубот на социјалните мрежи објави фотографија од Мурињо како ги покажува спорните моменти, со кратка порака: „Доста е со притисок врз судиите.“ Набрзо потоа пред новинарите се појави и тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, кој исто така се осврна на случувањата по дербито. „Не може да се прави баш сè. Без разлика дали се викате Мурињо, Флик или Симеоне, границата на почитување не смее да се премине“, порача Симеоне, јасно ставајќи до знаење дека не го одобрува начинот на кој се води кампањата против судиите. Од Атлетико дополнително го засилија тонот со уште една иронична објава, продолжувајќи ја практиката на клубот по големите дербија да испраќа пораки насочени кон, како што велат од „Метрополитано“, медиумскиот притисок врз судиските структури. Мурињо, пак, уште на прес-конференцијата покажа дека е особено незадоволен од изборот на судии за дербито. „Судиската комисија мора да биде задоволна, бидејќи сето ова беше многу чудно. Судискиот тим за дербито беше познат една недела однапред, наместо вообичаените 24 часа“, изјави Португалецот, алудирајќи на нетранспарентноста во процесот на делегирање на арбитрите. Посебно критички настроен беше кон главниот арбитар. „Да поставите судија на 41 година кој нема меѓународен статус… сигурно не е затоа што е врвен судија. Тој кутриот дојде овде и не го издржа притисокот“, рече Мурињо, продолжувајќи со остр