Атлетико Мадрид не попушта: „Механизмот е активиран“ по новите обвинувања кон Реал
FinPortal.mk · 22.9.2026 г.
Тензијата меѓу градските ривали Атлетико Мадрид и Реал Мадрид не стивнува ниту неколку дена по нивниот меѓусебен дуел во седмото коло од шпанскиот фудбалски шампионат. Откако „јорганџиите“ славеа со 2-1 на домашен терен, конфликтот продолжи преку јавни изјави, фотографии и пораки на социјалните мрежи, а Атлетико вчера објави нова провокативна порака со која порача дека „механизмот е активиран“. Сè започна по натпреварот, кога тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, на прес-конференцијата се појави со испечатени фотографии на кои, според него, беа прикажани остри прекршоци на фудбалерите на Атлетико врз неговите играчи. Португалецот притоа упати и низа критики на сметка на судијата Мигел Анхел Ортис Аријас, што дополнително ја разгоре атмосферата околу дербито. Одговорот од Атлетико Мадрид стигна 24 часа подоцна. Клубот објави фотографија од Мурињо за време на прес-конференцијата, придружена со порака: „Веднаш престанете со малтретирањето на судиите“. Со тоа Атлетико јасно стави до знаење дека не прифаќа притисокот врз судиската организација и дека смета оти Реал Мадрид преку јавни настапи се обидува да влијае врз судењето. Но провокациите не застанаа тука. Атлетико објави нова порака на социјалната мрежа „Х“, во која на шпански јазик напиша: „Оваа сезона има нов предизвик – три недели без Ла Лига. Оваа сезона започна многу рано“. Клубот дополнително објави фотографија со ротирачки запчаници и натпис „механизмот е активиран“, што според содржината на објавата претставува јасна алузија на најавеното продолжување на кампањата против она што во Мадрид го нарекуваат притисок врз судиите. Како хаштаг, Атлетико повторно го искористи својот повик: „#ВеднашПрестанетеСоМалтретирањетоНаСудиите“. Со оваа порака клубот во неколку наврати ја повтори истата порака, што покажува дека станува збор за организирана комуникациска активност, а не за изолирана реакција по еден натпревар. Конфликнот меѓу двата мадридски клуба доби широка медиумска покриеност, а темата за притисокот врз суди