Атанасов: Економската штета од овчата сипаница кај сточарите надминува 1,4 милиони евра
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Поранешниот директор на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), д-р Зоран Атанасов, во анализа објавена на својот профил на Фејсбук, проценува дека економската штета што ја трпат сточарите поради овчата сипаница кај овците и козите надминува 1,4 милиони евра. Анализата ја опфаќа состојбата со оваа болест во земјава и хронолошки ги следи клучните моменти од нејзиното појавување и ширење. Според Атанасов, болеста „сипаници кај овците и козите“ за првпат била дијагностички и лабораториски потврдена во Република Македонија во јануари 2026 година. Веќе во јули истата година, таа била лабораториски потврдена во четири од вкупно осум региони на државата, според официјалната регионализација, што значи дека била присутна на половина од територијата на земјата. Атанасов наведува дека во јули веќе станало јасно оти институциите не можат да ја контролираат состојбата со ширењето на болеста, односно дека соодветните и пропишани мерки за спречување на нејзиното ширење не се применувале во пракса. Како клучен датум во анализата се издвојува 17 август, кога АХВ преку соопштение ја известила јавноста дека ќе се премине на вакцинација на овците и козите против болеста и дека за таа цел веќе е договорена донација на 500.000 вакцини од Република Турција, кои се на пат кон Македонија. Поранешниот директор на АХВ потсетува дека времето од нарачка до произведена вакцина изнесува три до шест недели. Оттука, како што наведува тој, ако вакцината е нарачана на 17 август, истата во Македонија би требало да биде најдоцна до 1 или 5 октомври. Во соопштението на АХВ, забележува Атанасов, не се споменува доставен план за вакцинација до Европската комисија, туку се наведува дека таков план ќе се изработи со стручни лица од Европската комисија. Во анализата се истакнува и дека јавноста треба да знае оти АХВ располага со официјален документ „План за итни мерки при појава на сипаници кај овците и козите“, донесен уште во 2019 година, кој и денес може да се види на официјалната страница на агенцијат