АСМЛ: Избраните кандидати на конкурсот имале повисок просек од докторот Василевски, кој тврдеше дека бил дискриминиран

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари (АСМЛ) се огласи по јавно изнесените наводи на лекарот Дарко Василевски за наводна дискриминација при последниот конкурс за вработување, посочувајќи дека по објавувањето на случајот побарала информации од Деканатот на Медицинскиот факултет за постапката за селекција и вработување. Од Деканатот, како што наведува АСМЛ, било дадено образложение за текот на постапката, конкурсните критериуми и начинот на рангирање на кандидатите. Според информациите што ги добила Асоцијацијата, Василевски бил во работен однос во ПЗУ „Медикус Хелп“ речиси 10 години, а неговата приватна специјализација по спортска медицина била финансирана од тогашниот работодавач. По престанокот на работниот однос, престанало и финансирањето на специјализацијата. АСМЛ наведува дека поради пролонгирање, односно незавршување на специјализацијата во рокот предвиден со Правилникот за специјализации, таа му била прекината во септември 2026 година, согласно важечките прописи. Во однос на последниот конкурс, Асоцијацијата посочува дека избраните кандидати биле подобро рангирани според утврдените критериуми. Нивниот просечен успех, според објавеното образложение, изнесувал 9,29 и 9,21, додека просечниот успех на неизбраниот кандидат бил 8,20. АСМЛ нагласува и дека возраста од 46 години не била критериум за вреднување или рангирање на кандидатите според конкурсот. Оттаму сметаат дека возраста не може да се посочи како причина за неизбор, бидејќи не била дел од конкурсните критериуми. „Со оглед дека успехот од образованието на избраните кандидати е поголем од тој на колегата Василевски, можеме да констатираме дека овој конкурс претставува пример на постапка во која се избрани подобро рангирани кандидати врз основа на однапред утврдени, мерливи и проверливи критериуми“, наведуваат од АСМЛ. Од Асоцијацијата додаваат дека, според добиеното образложение, изборот не бил резултат на дискрециона одлука, туку на примена на однапред утврдени критериуми врз основа на кои биле

АСМЛ: Избраните кандидати на конкурсот имале повисок просек од докторот Василевски, кој тврдеше дека бил дискриминиран | FinPortal.mk

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари (АСМЛ) се огласи по јавно изнесените наводи на лекарот Дарко Василевски за наводна дискриминација при последниот