Артан Груби останува без пасош и покрај укинатиот куќен притвор
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, второобвинет во предметот „Лотарија на Македонија“, е на слобода откако мерката куќен притвор му е укината по сила на законот, но и натаму не смее да ја напушти територијата на Скопје. Основниот кривичен суд Скопје го одби барањето на неговата одбрана за враќање на патната исправа, соопштија од судот. Од Кривичниот суд информираат дека одлуката за укинување на куќниот притвор е донесена поради истекување на законски дозволениот рок од 60 дена, сметано од денот на поднесувањето на обвинителниот предлог. Според член 470 од Законот за кривичната постапка, мерката притвор, односно куќен притвор, определена по поднесен обвинителен предлог, не може да трае подолго од 60 дена. Во конкретниот случај, обвинителниот предлог бил поднесен на 13 август 2026 година, поради што Кривичниот совет донел решение за укинување на мерката. Иако Груби повеќе не е во куќен притвор, судот го прифатил предлогот на Основното јавно обвинителство за определување дополнителни мерки за претпазливост. Со овие мерки на обвинетиот му се забранува напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, има обврска повремено да се јавува во судот, како и забрана за приближување и остварување контакти со одредени лица. Останува во сила и забраната за издавање нов пасош или друг документ со кој би можел да ја премине државната граница. Токму затоа судот го одбил барањето на одбраната за враќање на патната исправа, и покрај понудената гаранција од над 300.000 евра во недвижен имот. Според информациите, станува збор за гаранција во вредност од 335.707 евра. Груби се товари како второобвинет во случајот „Лотарија на Македонија“, предмет што се води пред Основниот кривичен суд Скопје. Со одлуката за укинување на куќниот притвор тој излезе на слобода, но под строги ограничувања што му забрануваат да го напушти Скопје и да патува во странство. Одбраната на поранешниот вицепремиер инсистираше на враќање на патната исправа, нудејќи гаранција во недвижен имот како залог дек