FinPortal.mk

Аргентина со 7:0 ја совлада Буркина Фасо во меч што за малку не се одигра

FinPortal.mk  · 
Аргентина со 7:0 ја совлада Буркина Фасо во меч што за малку не се одигра

Фудбалската репрезентација на Аргентина убедливо со 7:0 ја совлада селекцијата на Буркина Фасо во контролен натпревар, но средбата за малку немаше воопшто да се одигра поради драмата што се случуваше пред нејзиниот почеток. Африканската селекција, која се наоѓа на 62 место на ФИФА листата, првично одби да патува во Аргентина бидејќи бараше да ѝ бидат исполнети одредени услови.

По многу убедувања и преговори, дел од репрезентативците се согласија да патуваат, додека оние кои решија да бојкотираат беа заменети со фудбалери од младинските селекции на Буркина Фасо. На крајот средбата се одигра, а Аргентина славеше убедливо.

Немаше дилеми кој ќе победи, а Гаучосите уште на почетокот започнаа фуриозно. Мартинез погоди во 4 минута, Диаоло си даде автогол четири минути подоцна, а веќе во 12 минута беше 3:0 за фаворитот кога погоди Престијани. До крајот на првото полувреме Аргентина водеше со 5:0, а во листата на стрелци се запишаа уште и Паз и Алварез.

На почетокот од второто полувреме беа направени неколку измени, па темпото на игра се намали. Аргентина во вторите 45 минути постигна само два гола и тоа преку Мастантуоно во 57 минута и Симеоне во последните моменти од мечот.

Овој дуел беше како подготовка за тоа што следува, главното, последниот меч на Лионел Меси во репрезентативниот дрес.