Аргентина славеше голема фудбалска легенда, а Македонија остана со горчливата вистина за изгубената репрезентација

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Додека цела Аргентина плачеше од гордост, гледајќи го последното танго на фудбалскиот бог Лео Меси во дресот на својата репрезентација, во Македонија солзите имаа сосема поинаква тежина. Тие не беа солзи на благодарност за една завршена ера на сјај, туку солзи за репрезентацијата која, според многумина, ни беше одземена. Синоќа на глобалната фудбалска сцена се случи нешто што остави огромен траг врз историјата на спортот — големиот Меси се збогуваше со својата репрезентација. Низ сите тие емоции, низ скромните изјави, низ гордоста на навивачите на трибините и почитта од соиграчите на теренот, се роди вистинската болка која ја чувствува секој вистински македонски навивач. Како ли само се чувствуваа илјадниците Аргентинци, како се чувствуваа низ годините, каква емоција и гордост тлееше над „Монументал“ — тоа е сликата што Македонија за момент ја имаше, и токму тоа е она што најмногу боли. Прашањето што одекнува меѓу навивачите е едноставно, но тешко: кој дозволи Македонија повторно да биде предмет на потсмев, на шеги, на симната глава? Долги години напорна работа нè извадија од тоа, нè направија конечно гордо да одиме кон Градски, да сакаме да бидеме таму. И тоа не се однесуваше само на моменти на слава или на големи ривали — се однесуваше и на оние натпревари кога на трибините сме биле заедно со уште само 500 вистински навивачи. Но, се чувствувало дека можеме, се раѓала искра на надеж. Таа искра денес изгледа згасната, а гордоста заменета со разочарување. Во изминатиот период многу често слушавме изјави од селекторот како тој навидум ја презема одговорноста, жртвено велејќи да не ја префрламе вината на играчите, за потоа веднаш да се префрли токму на тоа — индивидуални грешки, „подмладување“ затоа што старите веќе не можеле, спуштање на нивната самодоверба. Потоа следуваше и оркестриран напад по медиумите врз играчите кои ни донесоа моменти на радост. Ваквиот пристап, според навивачите, не е случајност, туку дел од ПР механизмите за спинување на ситуацијата во која с

Аргентина славеше голема фудбалска легенда, а Македонија остана со горчливата вистина за изгубената репрезентација | FinPortal.mk

Додека цела Аргентина плачеше од гордост, гледајќи го последното танго на фудбалскиот бог Лео Меси во дресот на својата репрезентација, во Македонија солзите им