Апасиев поднесе кривична пријава против членови на ДКСК за непочитување на судска одлука
FinPortal.mk · 13.9.2026 г.
Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, соопшти дека поднел кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Скопје против службени лица во Државната комисија за спречување на корупцијата, како и против самата Комисија како правно лице. Пријавата, според документот што тој јавно го објави, е поднесена поради сомневање за неизвршување на судска одлука и за расна и друга дискриминација. Во пријавата како членови на Прекршочната комисија на ДКСК се наведени Весна Донева, Севим Мустафа, Славко Ѓорѓески и Фарие Јашари. Покрај нив, во документот се споменува и Катица Костовска, за која Апасиев наведува дека има непознат внатрешен статус во Комисијата. Како правно основание за пријавата се наведуваат две кривични дела сторени во идеален стек — неизвршување на судска одлука, казниво според член 377 став 4 од Кривичниот законик, и расна и друга дискриминација, според член 417 став 1. „Јас си стојам на зборот. Па затоа, денес поднесов нова кривична пријава за неизвршување судска одлука против членовите на Прекршочната комисија при Антикорупциска“, изјави Апасиев при објавувањето на пријавата. Тој тврди дека Комисијата за спречување и заштита од дискриминација претходно утврдила директна дискриминација врз него врз основа на политичка припадност, поврзана со ускратување на правото на учество во постапката и правото на правен лек. Според неговите наводи, трочлен судски совет при Управниот суд го поништил решението на Прекршочната комисија, но членовите на Комисијата потоа повторно донеле исто решение. „Во судска постапка трочлен судски совет при Управниот суд им го поништи Решението, ама овие повторно си го донесоа истото“, пишува Апасиев во објавата, при што користи и остри квалификации на адреса на членовите на Комисијата. Пратеникот на Левица најави дека нема да застане само со кривичната пријава. Според неговата објава, следно ќе поднесе и тужба за отштета, а најавува и иницирање дисциплинска постапка поради, како што тврди, непочитување на задолжителните напатст