Антропик основа фонд за јавна корист со акции вредни милијарди
Компанијата за вештачка интелигенција Антропик објави дека ќе издвои значителен дел од своето богатство за поддршка на иницијативи за кои смета дека се во јавен интерес. Според објава на блогот на компанијата, целта е да се основа посебно друштво со ограничена одговорност (LLC) кое ќе користи акции на Антропик за донации до непрофитни организации или за „директни распределби до конкретни групи на население“.
Новото друштво, наречено „Фонд за јавна корист на Антропик“ (Anthropic Public Benefit Fund), ќе добива поголеми удели како што компанијата расте. Од Антропик наведуваат дека почетната рунда на финансирање, која опфаќа 5 отсто од акциите на компанијата, сè уште е предмет на одобрување од акционерите.
„Фондот за јавна корист на Антропик ќе има зголемена флексибилност и обем, што ќе ни овозможи да ја следиме нашата мисија на нови начини“, соопшти компанијата.
Според најновата проценка на вредноста на компанијата од мај, удел од 5 отсто во Антропик вреди околу 48 милијарди долари. Овој потег доаѓа откако во 2025 година ривалската компанија за вештачка интелигенција OpenAI основа слична непрофитна фондација со удел од неколку милијарди долари во компанијата, наменета за финансирање иницијативи од јавен интерес.
Ова е вест во развој. Проверете повторно за нови информации.