FinPortal.mk

Антонели доминираше на тренинзите во Мадрид и е прв фаворит за пол-позицијата на ГН на Шпанија

FinPortal.mk  · 
Антонели доминираше на тренинзите во Мадрид и е прв фаворит за пол-позицијата на ГН на Шпанија

Италијанскиот возач Кими Антонели продолжува со одличните настапи во Формула 1. По сензационалната победа на трката за Големата награда на Италија, младиот возач доминираше и на двата тренинзи во Мадрид, каде викендов ќе се вози трката за Големата награда на Шпанија. Според квотите во Sport Life, Антонели е прв фаворит за освојување на пол-позицијата со квота од 2.50.

Зад него, според квотите, се наоѓаат Расел со 3.25, Леклер со 6.00, Хамилтон со 6.50 и Норис со 8.00. Овие бројки јасно покажуваат дека Антонели е во фантастична форма и дека има реална шанса да ја освои најдобрата стартна позиција на патеката во Мадрид.

Сепак, најпривлечни за обложувачите се квотите за тројна победа на Формула 1 викендот во Шпанија. И тука фаворит е Кими Антонели со квота од 3.25. Оваа игра треба да се уплати пред почетокот на квалификациите, бидејќи за да биде добитна, потребно е ист возач да ја освои пол-позицијата, да има најбрз круг и да победи на главната трка.

Антонели со своите настапи во Мадрид покажува дека е подготвен за уште еден силен викенд. По триумфот во Италија, очекувањата од него се уште поголеми, а квотите во Sport Life само ја потврдуваат неговата моментална форма. Трката за Големата награда на Шпанија се очекува да биде возбудлива, со Антонели како главен фаворит за најдобра стартна позиција.

Прочитај го оригиналниот напис →