FinPortal.mk

Anthropic вложува 100 милиони долари во академија за обука на 10.000 AI инженери

FinPortal.mk  · 
Anthropic вложува 100 милиони долари во академија за обука на 10.000 AI инженери

Компанијата Anthropic ќе вложи 100 милиони долари во програма за обука на AI инженери, чија цел е до крајот на 2027 година да обучи 10.000 „теренски распоредени инженери“ (frontier deployed engineers) од компаниите членки на нејзината партнерска мрежа Claude Partner Network. Инвестицијата е наменета за академијата наречена Claude Frontier Academy, која ќе работи со компаниите за вградување на вештачката интелигенција во нивното работење, објави компанијата во соопштение за медиумите.

Во првите групи инженери се вклучени претставници на Accenture, Morgan Stanley, Novo Nordisk и повеќе водечки консултантски фирми. Програмата произлезе од досегашната работа на Anthropic со партнерските бизниси при имплементацијата на Claude, стои во соопштението.

„Слушаме од нашите клиенти и партнерски организации дека им требаат повеќе луѓе кои можат да ја спојат запознаеноста со корпоративната технологија и бизнис-контекстот со највисоко ниво на AI писменост, за да ги решат проблемите што треба да се решат“, изјави Шамбхави, раководител на стратегија и операции за партнерства во Anthropic, за CNBC.

Обуката ќе започне со интензивна „симулирана корпоративна имплементација“ со оценето тестирање. Оние што ќе го поминат тестот ќе влезат во резиденцијален програм по модел на медицинска настава, при што софтверските инженери учат од инструктори и вежбаат на конкретни случаи пред да бидат оценети и сертифицирани. Првите инженери се очекува да бидат сертифицирани на почетокот на 2027 година, се наведува во соопштението.

„Claude Frontier Academy ги обучува луѓето онака како што учат нашите сопствени инженери, а сакаме оние што ќе дипломираат да го постават стандардот за тоа како се гради вештачка интелигенција во една компанија“, рече Стив Корфилд, глобален раководител за бизнис-развој и партнерства во Anthropic.

За лансирањето на програмата доаѓа во момент на растечка побарувачка за AI инженерска експертиза во повеќе индустрии. Огласите за работа за теренски распоредени инженери и други AI-поврзани позиции во финансискиот свет годинава значително пораснаа, според податоци на Draup доставени ексклузивно до CNBC.

Anthropic е во фаза на масовно ширење додека компаниите ширум светот се натпреваруваат да ги вградат нејзините AI-алатки во своите деловни единици. Компанијата се очекува да излезе на берзата подоцна годинава, а според извештаите би можела да бара пазарна капитализација од 2 трилиони долари. Reuters претходно оваа седмица, повикувајќи се на протечена копија од проспектот за IPO, објави дека Anthropic минатата година остварила приходи од речиси 4,6 милијарди долари, со оперативна загуба од над 8 милијарди долари.