Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред СДСМ и Филипче
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски и натаму уживаат убедливо водство во довербата на граѓаните пред опозициската СДСМ и нејзиниот претседател Венко Филипче, покажуваат резултатите од најновата анкета спроведена во периодот од 11 до 27 септември на примерок од 1.200 испитаници. Според податоците од истражувањето, на прашањето за која политичка партија ќе гласаат на наредните избори, 19,3 отсто од испитаниците одговориле дека ќе ја поддржат ВМРО-ДПМНЕ, додека за СДСМ би гласале 5,6 отсто. Рејтинзите на ДУИ и на Влен се изедначени и изнесуваат по 4,2 отсто, додека за Левица би гласале 4 отсто од определените испитаници, а за ЗНАМ 1 отсто. Значителен дел од граѓаните остануваат неопределени или пасивни – дури 41 отсто од испитаниците изјавиле дека нема да излезат на гласање, не знаат дали ќе излезат или не сакаат да одговорат на ова прашање. Кога станува збор за довербата во политичките лидери, Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, е убедливо прв со 20,4 отсто од довербата на испитаниците, што е значително повеќе од довербата во Венко Филипче, претседателот на СДСМ, кој има 3,8 отсто. Дури 44,1 отсто од испитаниците изјавиле дека немаат доверба во ниту еден лидер на политичка партија, а 12,5 отсто не сакале да одговорат на ова прашање. Меѓу другите лидери, довербата за Али Ахмети изнесува 3,7 отсто, за Димитар Апасиев 3,4 отсто, а за Изет Меџити 2,6 отсто. Лидерите на новата политичка партија Влен – Изет Меџити, Билал Касами и Африм Гаши – се наоѓаат во предност во однос на лидерот на опозициската ДУИ. Ова не е прв пат анкетите да покажат ваква слика – и истражувањето спроведено во јуни покажало убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ и на Мицкоски пред опозициската СДСМ. Анкетата е спроведена со употреба на CATI методата, односно телефонско анкетирање на примерок од 1.200 испитаници, со статистичка грешка од 3 отсто и интервал на доверба од 95 отсто. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според регион, пол, возраст и етничка припадност, согл