Андоновски во Сеул: Вештачката интелигенција не смее да биде луксуз достапен само за богатите

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ја предводи македонската делегација на Глобалниот самит за вештачка интелигенција во Сеул, Република Кореја, каде што пред светските претставници предупреди дека нееднаквиот пристап до вештачката интелигенција може дополнително да ги продлабочи разликите меѓу државите и меѓу граѓаните. Во своето обраќање на Министерскиот состанок во рамки на Глобалниот самит, Андоновски повика владите да обезбедат основно ниво на бесплатен пристап до корисни алатки за вештачка интелигенција, почнувајќи од образованието, развојот на вештини и пристапот до јавни услуги. Според него, достапноста на оваа технологија мора да стане јасен развоен приоритет, а не привилегија резервирана за оние со поголеми финансиски можности. Министерот предупреди дека постои реален ризик вештачката интелигенција да го продлабочи јазот меѓу побогатите земји и економиите во развој, како и меѓу граѓаните со различни приходи. „Земјите што имаат средства да вложуваат во напредни алатки, пресметковни капацитети и вештини можат забрзано да напредуваат, додека економиите во развој дополнително да заостануваат. Талент постои во секоја држава, но можноста да се пристапи до вештачка интелигенција не е еднаква за сите“, истакна Андоновски. Како можни механизми за надминување на овие разлики, министерот ги посочи заедничкото користење пресметковни ресурси, регионалниот пристап и националните програми за развој. Во тој контекст, тој го претстави значењето на „Везилка“, македонската антена поврзана со европските фабрики за вештачка интелигенција. Преку неа, како што објасни, компаниите и јавните институции се поврзуваат со европски суперкомпјутерски ресурси, добиваат поддршка за развој на практични решенија и се создаваат јазични модели и податочни збирки на македонски јазик. Осврнувајќи се на суверенитетот на податоците, Андоновски истакна дека тој подразбира способност државата да ги развива и проширува сопствените дигитални решенија, да ги заштитува информаци

Андоновски во Сеул: Вештачката интелигенција не смее да биде луксуз достапен само за богатите | FinPortal.mk

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ја предводи македонската делегација на Глобалниот самит за вештачка интелигенција во Сеул, Република