Андоновски во Кочани го отвори новиот Центар за услуги – ЕТУ Кочани
FinPortal.mk · 26.9.2026 г.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска престојуваше во работна посета на Општина Кочани, каде што заедно со градоначалникот Влатко Грозданов го промовираше новиот Центар за услуги – ЕТУ Кочани. Со неговото отворање, жителите на Кочани и околината добиваат можност на едно место да пристапат до електронските услуги и да добијат стручна поддршка при нивното користење, соопштија од Министерството за дигитална трансформација. Во изјавата за медиумите по повод отворањето, министерот Андоновски ја истакна важноста на приближувањето на дигиталните услуги до граѓаните, особено до оние на кои им е потребна помош при поднесувањето електронски барања. „Со овој Центар за услуги им го олеснуваме пристапот на граѓаните на Кочани до услугите на институциите. Овде ќе можат да добијат помош за користење на Националниот портал uslugi.gov.mk, да поднесат барање за потребниот документ и полесно да ги завршат своите административни обврски. Нашата цел е дигитализацијата да биде достапна за секого и да носи конкретни придобивки во секојдневниот живот“, изјави Андоновски. Преку новиот центар, како што беше посочено, граѓаните ќе имаат пристап до електронските услуги достапни на Националниот портал uslugi.gov.mk. Меѓу нив се издавањето извод од матичната книга на родените, документите од казнената и кривичната евиденција, како и услугите што ги обезбедуваат Агенцијата за катастар на недвижности, Фондот на ПИОМ и други институции. На тој начин, жителите на Кочани и околината повеќе нема да мора да патуваат до институциите за да поднесат барања што можат да се решат електронски, туку ќе добијат помош на само едно место. Министерот Андоновски им се заблагодари на градоначалникот Грозданов и на Советот на Општина Кочани за поддршката и соработката во реализацијата на проектот, нагласувајќи дека заедничкиот ангажман на централната и локалната власт е значаен за подобрување на услугите за граѓаните. „По бесплатните Wi-Fi зони што ги доби Кочани, денес реализираме уште