Андоновски: Податочните центри носат нов капитал и можности за домашните компании

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска изјави дека податочните центри не претставуваат само збир од сервери и технологија, туку инфраструктура која создава цел економски синџир и отвора нови можности за македонската економија. Тој ова го истакна на Форумот за критична инфраструктура, дизајн и инженерство на податочни центри, што се одржа во Скопје. Според Андоновски, развојот на оваа индустрија носи можности за инженери, проектанти, градежни компании, енергетски и телекомуникациски оператори, како и за компании за системска интеграција, безбедност и одржување. Министерот нагласи дека Македонија треба да ја води дебатата за развојот на оваа индустрија врз основа на факти и конкретни проекти, наместо на дезинформации и неосновани шпекулации. „Додека другите држави привлекуваат милијарди во оваа индустрија, и кај нас дебатата мора да се води со факти и конкретни проекти, а не со дезинформации, шпекулации и стравови без основа. Не смееме поради лажни информации однапред да се откажуваме од инвестиции што можат да донесат нов капитал, нова инфраструктура и нови можности за нашата економија“, истакна Андоновски. Министерот објасни дека државата работи во две насоки. Првата е развој на национален податочен центар за обезбедување сигурна државна инфраструктура, а втората е привлекување приватни инвестиции во податочни центри, кои би донеле капитал, нови знаења и дополнителни можности за домашните компании. Според него, особено значаен е потенцијалот овие инвестиции да придонесат за развој на домашната економија преку вклучување на македонските компании во различни фази од реализацијата на проектите. „Нашата цел е што поголем дел од проектирањето, изградбата, опремувањето, интеграцијата и одржувањето да го преземат домашни компании, а со тоа да се создадат нови референци, ново знаење и можности македонските фирми подоцна да настапуваат и на странски пазари“, нагласи Андоновски. Тој додаде дека развојот на податочните центри може да придонесе за ди

Андоновски: Податочните центри носат нов капитал и можности за домашните компании | FinPortal.mk

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска изјави дека податочните центри не претставуваат само збир од сервери и технологија, туку инфр