Андоновски: Дигиталните услуги им заштедуваат време на компаниите, формирана заедничка работна група со Стопанската комора

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска во Стопанската комора на Македонија одржа презентација на тема „Електронски услуги за бизнисот“, на средба со претседателот на Комората, Бранко Азески, и со претставници на бизнис-заедницата. Во фокусот на средбата беа можностите за приклучување на компаниите на Националниот портал за електронски услуги, uslugi.gov.mk, услугите што компаниите најчесто ги користат, како и можностите за поддршка за инвестиции. Министерот на присутните им ги претстави и партнерските проекти што им помагаат на компаниите во процесот на дигитална трансформација. – Денеска во Стопанската комора разговараме за дигиталната трансформација на бизнис-секторот и можностите што ги нуди порталот uslugi.gov.mk, но и нашите партнерски проекти преку ИНО-ФЕИТ ЕДИХ и ДИГИТ-МАК, кои нудат анализа на состојбите и тестирање пред инвестирање за сите компании од приватниот сектор – истакна Андоновски во изјавата за медиумите. Министерот нагласи дека директниот дијалог со компаниите е важен за да се утврдат нивните потреби и да се преземат конкретни чекори за надминување на предизвиците во дигитализацијата. Според него, целта е приватниот сектор да ги искористи можностите што ги нудат електронските услуги, но истовремено и државата да ги слушне предизвиците со кои се соочуваат компаниите во Македонија, потребите што ги имаат и она што треба заедно да се направи за да се постигнат потребните резултати. Како конкретен чекор од соработката меѓу Министерството за дигитална трансформација и Стопанската комора, министерот најави формирање заедничка работна група. „Со претседателот на Стопанската комора и неговиот тим донесовме одлука да создадеме една работна група која технички ќе работи на решавање на предизвиците на бизнис-секторот што се однесуваат на дигитализацијата“, изјави Андоновски. Тоа значи дека компаниите ќе добијат институционален канал преку кој технички ќе се обработуваат конкретните пречки со кои се среќаваат при користењето на ел

Андоновски: Дигиталните услуги им заштедуваат време на компаниите, формирана заедничка работна група со Стопанската комора | FinPortal.mk

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска во Стопанската комора на Македонија одржа презентација на тема „Електронски услуги за бизнисо