Андоновски: Без дигитална трансформација, голем дел од компаниите нема да постојат за една деценија
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Македонските компании сè повеќе користат дигитални алатки во своето работење, но примената на вештачката интелигенција во развојните процеси и користењето на платформите за електронска трговија остануваат на ниско ниво. Ова беше главната порака од конференцијата посветена на градењето силни македонски брендови, развојот на компаниите и нивното позиционирање на меѓународните пазари, на која говореше министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Според министерот, без вложувања во дигитална трансформација и обука на вработените, компаниите ќе имаат сè поголеми тешкотии да растат и да останат конкурентни на пазарот. Тој предупреди дека оние компании што нема да вложуваат во дигиталната трансформација, во напредната употреба на вештачката интелигенција и во обука на својот кадар, нема да можат да напредуваат, да растат и да се развиваат, и дека голем дел од нив за десет години од денес нема да постојат. Андоновски истакна дека македонските компании имаат и користат дигитални алатки, но, како што рече, за жал недоволно користат вештачка интелигенција во рамките на процесите на развој. Истовремено, според него, тие недоволно ги користат и платформите за електронска трговија за да ги промовираат своите производи прво во државата, а потоа да станат конкурентни со истите стандарди и во странство. Министерот за дигитална трансформација порача дека дигитализацијата не треба да се гледа како трошок, туку како инвестиција во идниот развој на компаниите. Тој нагласи дека бизнисите мора да ги следат технолошките трендови и да ја применуваат вештачката интелигенција за да бидат поконкурентни на домашниот и на меѓународните пазари. На конференцијата беше истакната и потребата компаниите поактивно да ги користат дигиталните канали за промоција и продажба, со цел најпрво да го зајакнат своето присуство на домашниот пазар, а потоа да се натпреваруваат со исти стандарди и во странство. Настанот го организираше Унијата на млади претприемачи на Македонија „Phoenix Rising“, со