Андонов тврди дека пропаднала средбата Петар – Вартоломеј, а трите спорни прашања биле точки за договор, не услови
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Универзитетскиот професор Оливер Андонов тврди дека Македонската православна црква – Охридска архиепископија летово пропуштила можност за директно отворање на разговорите со Вселенската патријаршија за конечно заокружување на прашањето за нејзиниот статус и добивањето Томос за автокефалност. Во интервју за „Слободен печат“, Андонов вели дека бил непосредно вклучен во подготовките за средба меѓу митрополитот Преспанско-пелагониски Петар и Вселенскиот патријарх Вартоломеј, која на крајот не се реализирала. Според неговото сведоштво, како причина за откажувањето било наведено „разболувањето“ на преведувачот, иако тој понудил да обезбеди друга личност или самиот да преведува. „Ми се јавува владиката Петар и ми вели: имаме проблем. Каков проблем имаме? Се разболе преведувачот. Ами во нашава Македонија само еден човек знае грчки да зборува или англиски добро да зборува?“, раскажува Андонов. Професорот тврди дека митрополитот Петар претходно ги прифатил предложените решенија и се согласил на директна средба со Вартоломеј, која требало да се одржи на 4 август, надвор од седиштето на Вселенската патријаршија. Андонов изнесува и сериозни сомневања дека откажувањето било резултат на политички и црковни влијанија од Скопје, Белград и Москва. Сепак, самиот во интервјуто признава дека станува збор за негова претпоставка, а не за непосредно потврдени информации. Она што е особено интересно во неговото сведоштво е содржината на наводниот компромис што го понудил Фанар. Трите прашања – името на МПЦ-ОА, дијаспората и односот кон Православната црква на Украина – во македонската црковна јавност со години се претставуваат како најголемите пречки за добивање Томос. Според анализата на Религија.мк уште во септември 2023 година, токму овие прашања беа детално разгледани, со поинакво толкување од она што со години се пласираше во јавноста. И тогаш беше посочено дека не станува збор за ултиматуми, туку за точки за кои треба да се постигне договор. Во текстот од 29 септември 2023 година беше