АНБ откри пропагандна мрежа со клонирани портали: претрес во дом на македонски државјанин, сомнение за три кривични дела
FinPortal.mk · 1.10.2026 г.
Агенцијата за национална безбедност соопшти дека заедно со Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство презема активности против пропагандна мрежа во земјава која, како што се наведува, има „деструктивна и малициозна агенда“ и влијае врз јавниот дискурс во корист на странски, поточно руски интереси. Според АНБ, пред две седмици, на 18 септември годинава, биле преземени истражни дејствија против македонски државјанин кој бил „надоврзан на странски фактори кои се креатори на пропаганден апарат со мрежа на портали интегрирани и во македонскиот медиумски простор“. АНБ не го соопштува идентитетот на осомничениот. Во неговиот дом бил извршен претрес и биле одземени предмети кои се вештачат. Според Агенцијата, постои основано сомнение за три кривични дела: „Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост“ од член 319, „Одавање службена тајна“ од член 360 и „Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ од член 394-г од Кривичниот законик. Во соопштението од Агенцијата се тврди дека „вистинските актери“ зад мрежата се прикриваат преку клонирани псевдопортали регистрирани со македонски интернет-домени и дека целата операција е „во функција на руските интереси“. „Вистинските актери на оваа пропагандна мрежа која е во функција на руските интереси, се кријат преку клонирани псевдо-портали регистрирани со македонски интернет домен. Преку овие псевдо-портали се шират лажни вести, дезинформации и се врши преобликување на наративи за актуелни настани, со што се поткопува довербата во институциите и се поттикнува етничка и национална омраза и нетрпеливост“, соопшти АНБ. Како што додаваат оттаму, овие активности се продолжение на „претходно попречените проруски хибридни активности на македонски државјанин, надоврзан на овие пропагандни мрежи, за кого беше поднесена и кривична пријава. Според Агенцијата, ширењето на манипулативни и поларизирачки наративи во македонскиот информативен простор е нешто што се прави со годи