FinPortal.mk

Ananas го претвора Black Friday во цел месец на зделки — понудата е најширока досега

Автор: Редакција на FinPortal.mk  · 
Ananas го претвора Black Friday во цел месец на зделки — понудата е најширока досега

Онлајн платформата Ananas.mk оваа година ги започна Black Friday намалувањата порано и ги продолжи до 30 ноември, претворајќи го она што традиционално беше еден ден на попусти во цел месец можности за купување. Наместо трка по најголемиот процент што стои на рекламата, фокусот е ставен на разновидната понуда собрана на едно место и на можноста купувачите лесно да ја следат историјата на цените онлајн, со што сами можат да проценат дали намалувањето е вистинско и да го одберат идеалниот момент за купување.

Понудата опфаќа производи од различни категории — од технологија и апарати за домаќинство, преку производи за убавина и мода, до производи за дом и секојдневие. Тоа значи дека нема потреба да се чека последниот петок во ноември за добра зделка, туку понудите може да се следат од удобноста на домот и да се искористат во текот на целиот месец, тогаш кога најмногу одговара на купувачот.

Оваа година акцентот е ставен и на самата природа на ноемвриските попусти. Месецот е период кога големите проценти се насекаде — 50, 60, 70 отсто попуст — бројки што лесно привлекуваат внимание, но вистинското прашање е поедноставно: дали цените на тие производи се реални. Затоа наместо да се гледа колкав процент стои на рекламата, се препорачува да се погледне крајната цена што се плаќа, да се следат понудите и да се реагира веднаш кога ќе се пронајде вистинската зделка.

Black Friday одамна не е само ден за импулсивно купување. Тоа е период кога многумина планираат поголеми набавки, го обновуваат домот, менуваат стара технологија, избираат подароци однапред или конечно го купуваат производот што долго време го „меркале“. Наместо трката по попусти да кулминира во еден ден, денес има можност понудите да се следат во текот на целиот месец, од удобноста на сопствениот дом, и да се купува тогаш кога навистина ни одговара.

Со продолжување на намалувањата до крајот на ноември, Ananas.mk практично им дава на купувачите можност сами да го темпираат купувањето — да не брзаат со првиот процент што ќе го видат, туку да ја споредат понудата со историјата на цените и да одлучат кога зделката е навистина добра. На тој начин Black Friday повеќе не е еднодневен настан, туку продолжен период во кој може да се планираат и поголемите и помалите набавки.