Алта банка пред пратениците: Комисијата за финансии ги испитува причините за кризата

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе одржи надзорна расправа на која ќе се разгледуваат причините за воведувањето привремена администрација во „АЛТА банка“ АД Битола, постапувањето на Народната банка и одговорноста на надлежните институции. На седницата се поканети претставници на Владата, органите на државната управа, како и други лица кои можат да дадат информации поврзани со состојбата во банката. Предмет на расправата ќе бидат околностите што довеле до одлуката за воведување администрација, улогата на Народната банка во целиот процес, како и чекорите преземени за заштита на клиентите, штедачите и финансискиот систем. Пратениците, според најавата, треба да добијат одговори за тоа како се стигнало до состојбата во која битолската банка остана без дозвола за работа на својот доминантен акционер, како и за тоа кои институции и на кој начин реагирале во периодот што претходел на воведувањето на привремената администрација. Во „АЛТА банка“ АД Битола од 1 ноември е воведена привремена администрација, откако на нејзиниот доминантен акционер, „АЛТА банка“ АД Белград, српскиот надлежен супервизорски орган ѝ ја одзеде дозволата за работа и донесе одлука за исполнување услови за поведување стечајна постапка. Од Народната банка објаснија дека целта на мерката е битолската банка да продолжи со работа, а средствата и интересите на штедачите и останатите доверители да бидат заштитени до решавање на сопственичката состојба. Привремената администрација е предвидено да трае три месеци. За администратори се назначени Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска од Народната банка, кои ги презедоа надлежностите на Управниот и Надзорниот одбор, како и на Собранието на акционери, освен одлуките поврзани со зголемување на капиталот. Администраторите имаат рок од 21 ден да ја анализираат состојбата во банката и да достават извештај до Извршниот одбор на Народната банка. Токму овој извештај, како и наодите од надзорот, се очекува да бидат меѓу клучните документ

Алта банка пред пратениците: Комисијата за финансии ги испитува причините за кризата | FinPortal.mk

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе одржи надзорна расправа на која ќе се разгледуваат причините за воведувањето привремена администрација в