Алта банка Битола бара нов сопственик: актива од 183 милиони евра и неколку заинтересирани купувачи

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Алта банка Битола повторно се наоѓа пред промена на сопственоста, само една година откако српската Алта банка влезе во поранешната Стопанска банка Битола. Овојпат нов сопственик се бара во вонредни околности, по одземањето на дозволата за работа на белградската банка и воведувањето администрација во македонската банка, која располага со актива од 183 милиони евра. Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, изјави дека веќе постои интерес за преземање на банката и дека неофицијално се споменуваат четири до пет заинтересирани субјекти. Според него, сопственикот од Србија треба да ги понуди акциите на продажба, а доколку тоа не го направи во оставениот рок, Народната банка најавува продажба преку аукција. Во зоната на шпекулациите, како интересент за купување на акциите повторно се споменува и Комерцијална банка. Најголемата домашна банка во 2024 година имаше таква намера и даде официјална понуда од 3.200 денари по акција, што вкупно изнесуваше 20,3 милиони евра. Но, акционерите што ја прифатија понудата не го обезбедија потребниот праг за успешно преземање. Уште тогаш се појави информација дека постои и друг кандидат, што подоцна се потврди со појавата на Алта банка Белград и понудата од 3.777 денари по акција, односно 22,8 милиони евра за целиот пакет. Тоа беше понудата со која српската банка влезе во сопственичката структура на поранешната Стопанска банка Битола. Славески, во последното телевизиско гостување, тврдеше дека поранешната Стопанска банка Битола била „на стаклени нозе“ и дека, ако српската Алта банка не влегла во нејзината сопственичка структура, банката досега немало да постои. Тој воедно застана зад претходната одлука на Народната банка со која беше дозволено преземањето. Тоа е оценка на гувернерот, а финансиските извештаи даваат дополнителен контекст. Во времето кога Комерцијална банка имаше обид за преземање, во 2024 година, Стопанска банка Битола направи значаен пресврт. Излезе од минус од 3,2 милиони евра забележан во 2023 година и во 2024 годи

Алта банка Битола бара нов сопственик: актива од 183 милиони евра и неколку заинтересирани купувачи | FinPortal.mk

Алта банка Битола повторно се наоѓа пред промена на сопственоста, само една година откако српската Алта банка влезе во поранешната Стопанска банка Битола. Овојп