Алонсо по дебаклот во Лондон: Првото полувреме беше конкурентно, но потоа ја загубивме дисциплината
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Менаџерот на Челси, Чаби Алонсо, не ги криеше разочарувањето по тешкиот пораз од 3-0 на гостувањето кај Брентфорд во натпревар од Премиер-лигата. Шпанскиот стратег по средбата призна дека неговиот тим бил конкурентен само во првите 45 минути, додека по првиот примен гол од прекин целосно ја загубил дисциплината и дозволил уште два погодоци. „Сè беше разочарувачко, особено резултатот. Мораме да бидеме подобри. Во првите 45 минути бевме конкурентни, но во второто полувреме го намаливме нивото и примивме три гола. Мора да бидете исклучително концентрирани. Кога еднаш ќе примите гол од прекин, тоа му дава предност и контрола на противникот. По вториот гол ситуацијата станува многу потешка, а ние малку ја загубивме дисциплината во моментите кога бевме блиску до нашиот шеснаесетник“, изјави Алонсо по натпреварот. Тој посочи дека неговиот тим во првото полувреме бил во натпреварот, но не создал големи шанси. „Ни недостигаше последното додавање и последниот дриблинг за да стигнеме до удари од чисти позиции. Тоа е едниот дел од играта. Другиот дел е кога треба да издржите, да бидете компактни, додека противникот се обидува да ве нападне. Мора да знаете како да се браните, да ги добивате дуелите и да бидете константни во тој сегмент“, додаде менаџерот на Челси. Алонсо нагласи дека ќе мора да се подобрат и индивидуалните и колективните детали, и тоа не само во одбраната. „Во играта со топка има работи во кои треба да бидеме подобри. Таква е ситуацијата. Сега ќе имаме време со дел од фудбалерите, но не можеме да го промениме она што се случи“, заклучи тој. Поразот го остави Челси со само еден освоен бод во последните три кола од Премиер-лигата. Репрезентативната пауза од три недели „сините“ ја дочекуваат со сè поголеми прашања во одбраната и нападот, што дополнително ја зголемува неизвесноста пред продолжувањето на сезоната. Проблемите за лондонскиот клуб не се само резултатски. Алонсо јасно посочи дека тимот губи контрола во клучните моменти од натпреварот, особено по применит