Алкараз по сензационалниот пораз во Шангај: „Сите мисли ми се негативни

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Карлос Алкараз, третиот тенисер на светската ранг-листа, доживеа сензационална елиминација на Мастерсот во Шангај, откако беше совладан од белгискиот тенисер Зизу Бергс во третото коло со 7-5, 7-6(4). Поразот на младиот Шпанец дојде само неколку часа по шокантното испаѓање на Новак Ѓоковиќ, со што турнирот во Кина остана без двајца од најголемите фаворити уште пред завршницата. Со овој пораз беше прекината серијата од седум последователни победи на Алкараз, кој во Шангај пристигна со шампионскиот пехар од Токио и со големи амбиции за завршницата од сезоната. Белгиецот Бергс влезе во мечот целосно растеретен и без преголем респект кон фаворитот. Свесен дека нема што да загуби, тој максимално ги искористи екстремно брзите услови во салата во Шангај. Со константни излегувања на мрежа и агресивно скратување на поените, Бергс целосно му го скрши ритамот на Алкараз, не дозволувајќи му да влезе во препознатливата динамика од основната линија. Иако резултатот на крајот делува тесен, на теренот беше евидентно дека Карлитос е далеку од своето посакувано ниво. Шпанскиот ас имаше сериозни проблеми со тајмингот и грешеше во клучните моменти од двата сета. Брзата подлога дополнително му одеше во прилог на Белгиецот, кој со својот агресивен стил на игра успеа да го неутрализира препознатливиот напад на Шпанецот. По натпреварот, Алкараз беше исклучително самокритичен и не бараше никакво алиби за раната елиминација. „Ова беше навистина лош натпревар од моја страна. Одиграв катастрофално, додека тој беше на исклучително високо ниво. Дури и во таква ситуација резултатот беше тесен, но потфрлив токму кога беше најважно. Имаше и неколку моменти каде што среќата беше на негова страна со удари со рамката на рекетот кои му влегоа во терен, но тој максимално ги искористи тие шанси. Едноставно, сега треба да се вратам дома, да застанам на тренинг-теренот и да се подготвам подобро за следниот предизвик,“ истакна фрустрираниот Шпанец. Алкараз зад себе има специфична сезона во која паузираше че

Алкараз по сензационалниот пораз во Шангај: „Сите мисли ми се негативни | FinPortal.mk

Карлос Алкараз, третиот тенисер на светската ранг-листа, доживеа сензационална елиминација на Мастерсот во Шангај, откако беше совладан од белгискиот тенисер Зи