Алкалоид убедливо го совлада Ферлах во првиот европски натпревар, Бутел поразен во Хрватска
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Ракометарите на Алкалоид победнички ја отворија новата сезона на европската сцена, откако на домашен терен во Автокоманда славеа над Ферлах со резултат 31-22 во првиот натпревар од второто коло на ЕХФ Европскиот куп. Македонскиот претставник на овој меч настапи без повредените Ненад Костески и Вуко Борозан, но и покрај тоа стигна до посакуваната победа. Предводник во победничкиот тим беше Марко Митев со осум постигнати гола, а одличен беше и Никола Костески со шест голови. Голманот Галевски запиша десет одбрани, меѓу кои имаше и два удари од седум метри, со што дополнително ја зацврсти предноста на својот тим. Алкалоид уште на стартот најави дека е решен да победи, па по првите дванаесет минути имаше водство од 6-2. Сигурната предност домашниот тим ја контролираше во текот на целото прво полувреме, па по триесет минути игра имаше предност од 16-11. Рутински и сигурно Алкалоид продолжи во второто полувреме, а на крајот избраниците на тренерот Кирил Лазаров стигнаа до посакуваниот успех. За разлика од Алкалоид, екипата на Бутел загуби на гости кај Горица во Хрватска со резултат 27:24, со што македонските претставници во ова коло на европската сцена имаат различни исходи.