Алкалоид со 2,2 милиони денари за нова опрема на Клиниката „Козле
FinPortal.mk · 19.9.2026 г.
Вработените во „Алкалоид“ собраа речиси 2,2 милиони денари на 12. Хуманитарен пикник на компанијата, а целата сума ќе биде донирана на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“. Средствата ќе бидат искористени за набавка на современа медицинска опрема наменета за најмладите пациенти. Според информациите, донацијата ќе овозможи набавка на современ бронхолошки столб со фибербронхоскоп, специјализирана опрема која овозможува директен и прецизен преглед на дишните патишта кај децата. Овој апарат се користи за навремена дијагностика и третман на белодробни заболувања, но и при итни состојби предизвикани од вдишување туѓи тела во дишните патишта. Генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, порача дека годинава компанијата и нејзините вработени одлучиле хуманитарната активност да ја насочат токму кон најмладите пациенти. „Оваа година одлучивме да им помогнеме на најмалите и да им помогнеме на професионалците кои водат грижа за најмалите, затоа што тоа е дел од нашето мото, од нашата мисија, а тоа е здравјето пред сè“, рече Мукаетов. Директорката на Клиниката „Козле“, проф. д-р Катерина Бошковска, изрази благодарност за донацијата и оцени дека таа ќе придонесе за создавање подобри услови за лекување на децата. „Особено сме благодарни што ‘Алкалоид’, како и многупати досега, ја препознава важноста на вложувањето во здравјето и создавањето подобри услови за лекување на најмладите пациенти. Ваквата поддршка е пример за општествена одговорност која создава конкретна и трајна вредност за заедницата“, изјави Бошковска. Хуманитарните пикници на „Алкалоид“ започнале пред 15 години, а досега се одржани 12 изданија, со прекин за време на ковид-пандемијата. Во овој период се собрани близу 14 милиони денари. Средствата низ годините биле насочувани кон здравствени установи, хуманитарни и граѓански организации, деца, лица со ретки болести, ранливи категории и лица од третото доба, како и кон иницијативи за заштита на ж