Алкалоид и Комерцијална банка предничат и во нетрговските трансфери на хартии од вредност

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Во девет трансакции реализирани надвор од рамките на берзанското тргување, минатата недела сопственоста е променета кај вкупно 801 акција, покажуваат податоците на Централниот депозитар за хартии од вредност. Хартиите од вредност се издадени од пет акционерски друштва, а речиси половината од вкупниот број отпаѓа на двете најтргувани акции на Македонска берза – Алкалоид и Комерцијална банка. Најголем дел од нетрговските трансфери се однесуваат на Алкалоид, каде што сопственоста е променета кај вкупно 217 обични акции. Регистрирани се три нетрговски трансфери: во понеделник со 50 обични акции, во вторник со 27 и во среда со 140 обични акции. Просечната цена по акција изнесува 22.000,28 денари и произлегува од тргувањето со датум од 25 септември. Преку два преноса, нов сопственик добиле и 176 обични акции на Комерцијална банка. Од нив, 43 акции се трансферирани во среда, а 133 во петок. Акцијата, која е најатрактивна за инвеститорите, има средна вредност од 22.996,86 денари. Во два преноса, но со различен вид хартии од вредност, фигурира и најстарата македонска банка. Во средата е направен трансфер со 86 приоритетни акции на Стопанска банка Скопје, чиј просек изнесува 749 денари за акција. Според податоците од берзата, во последните 52 недели имало 40 трансакции со овој тип акции. Потоа, во петокот биле трансферирани 106 обични акции на истата банка, а тие имаат просечна цена од 1.650 денари. Во неделната статистика на Централниот депозитар за хартии од вредност се појавуваат и акции на Уготур АД Скопје, и тоа 150 обични акции. Со овие акции не е изведена ниту една берзанска купопродажба во последните 52 недели, а нивната просечна цена е 20 денари. Тутунски комбинат Прилеп во неделната статистика е застапен со 66 обични акции, чијашто просечна цена е 290 денари. Во изминатите 52 седмици со акциите на оваа компанија имало само две берзански трансакции, од кои последната била на 10 јуни. Податоците покажуваат дека нетрговските трансфери остануваат значаен канал за промен

Алкалоид и Комерцијална банка предничат и во нетрговските трансфери на хартии од вредност | FinPortal.mk

Во девет трансакции реализирани надвор од рамките на берзанското тргување, минатата недела сопственоста е променета кај вкупно 801 акција, покажуваат податоците