Алијансата на Албанците го нарече Димитриевски „патриот на батерии“ поради заканата за напуштање на Владата

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Алијансата на Албанците остро реагираше на заканите на лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, дека ќе ја напушти владината коалиција доколку се прифати барањето за полагање правосуден јазик на албански јазик, покрај македонскиот. Од партијата порачаа дека Димитриевски е „патриот на батерии“ и дека одамна е прочитан. Според Алијансата на Албанците, Димитриевски може да ја напушти Владата бидејќи знае дека ќе има предвремени парламентарни избори. Прашањето за правосудниот испит, сметаат оттаму, му е потребно за да го искористи во предизборната кампања и да ја глуми улогата на „голем патриот“. „Но, големиот патриот, всушност, е патриот на батерии од Кина. Што друго би им кажал на гласачите во кампањата? Ќе го вратиме името на државата? Ќе обезбедиме бесплатен јавен превоз? Ќе го реконструираме градскиот плоштад? Значи, сите други карти му се потрошени. Со ваквиот пристап се обидува, колку толку, да си го поправи рејтингот за 1%, но залудно. Прочитана карта!“, порачаа од Алијансата. Од партијата на Албанците оценуваат и дека ваквите изјави и настапи на Димитриевски се само обид да ѝ се обезбеди алиби на владеечката коалиција да оди на предвремени избори. „Максим Димитриевски одамна нема ништо од Платформата 1.0 што му ја направи Мицкоски. Нема повеќе никаков кредибилитет. Последната задача на сателитот е да му даде алиби на Мицкоски за предвремени избори. Правосудниот испит сега се турка како тема за наводен судир во коалицијата. Целта е да се создаде впечаток на тензија и да се отвори пат за предвремени избори. Да не се признае дека е загрозена финансиската стабилност заради Алта банка и дека нема пари во буџетот. Максо си го наплати предавството врз партијата и врз гласачите. Сега треба да ја изврши последната задача. Ова е влада што ништо не направи во ниту еден сегмент. Катастрофална состојба во економијата. Дипломатија што води кон целосна изолација. Алта банка пред стечај, штедачите без пари, јавните претпријатија – загрозени“, се наведува во реакцијата. Пред обидо

Алијансата на Албанците го нарече Димитриевски „патриот на батерии“ поради заканата за напуштање на Владата | FinPortal.mk

Алијансата на Албанците остро реагираше на заканите на лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, дека ќе ја напушти владината коалиција доколку се прифати барањето