Алијанса за Албанците: Пораката од Брисел е јасна, потребна е политичка волја за деблокирање на евроинтеграциите
FinPortal.mk · 2.10.2026 г.
Алијансата за Албанците ја оцени денешната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Скопје како уште една јасна потврда на пораката што партијата ја истакна уште пред нејзиното доаѓање — дека моментот мора да се искористи и земјата мора да продолжи напред. Од партијата порачаа дека по денешната посета повеќе нема простор за ново губење време. Според соопштението на Алијансата за Албанците, пораката од Брисел била јасна и конкретна. За отворање на првиот кластер од преговорите останува уште еден клучен чекор — деблокирање на евроинтегративниот процес преку уставните измени. По деблокирањето на процесот, како што се наведува, земјата ќе го добие и акцискиот план за следната фаза. „Значи, решението постои. Она што недостасува е само политичката волја“, велат од партијата. Од Алијансата за Албанците предупредуваат дека соседните земји напредуваат, отвораат и затвораат поглавја и поставуваат сè поконкретни рокови за нивниот европски пат. Процесот на проширување е во движење, порачуваат тие, и Северна Македонија не смее да остане надвор од овој моментум. Партијата оценува дека дијалогот мора да продолжи, отворените прашања мора да се решаваат, а преземените обврски треба да се третираат со политичка и институционална одговорност. Како позитивно го оценуваат продолжувањето на дијалогот со соседните земји, но со јасна забелешка дека дијалогот мора да произведе резултати, а не нов циклус на чекање. „Граѓаните на оваа земја чекаа доволно. Ако по деблокирањето нè очекува јасен акциски план и нова фаза од преговорите, тогаш приоритет треба да биде токму деблокирањето на процесот“, се наведува во соопштението. Од партијата додаваат дека на Северна Македонија не ѝ е потребна уште една изгубена година, туку одлуки, реформи и европска перспектива која конечно ќе се претвори во реален процес. „Европа се движи. Регионот се движи. Време е да се движиме и ние“, порачаа од Алијансата за Албанците по денешната посета на претседателката на Европската коми