АХВ продолжува со засилени контроли на зелените пазари, уништени над 5 тони небезбедна храна
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) продолжува со спроведување на засилени вонредни инспекциски контроли на зелените пазари, со цел сузбивање на нелегалната трговија со овошје и зеленчук и продажбата на храна во несоодветни услови, без потекло, најчесто од страна на препродавачи кои тргуваат надвор од организираните пазарни простори. Ова го соопшти АХВ, нагласувајќи дека контролите ќе продолжат и во наредниот период. Според податоците на Агенцијата, минатата недела во рамки на акциите спроведени на скопскиот Зелен пазар и на пазарот во населбата Ѓорче Петров, запленети и уништени се над 5 тони небезбедна храна. Станува збор главно за овошје и зеленчук кои нелегално се продавале, надвор од пазарот, со што директно ја загрозуваат безбедноста на потрошувачите, но и ја нарушуваат конкуренцијата на пазарот, на штета на примарните земјоделски производители и легалните трговци. Од АХВ појаснуваат дека контролите се спроведуваат во координација со комуналната инспекција на Град Скопје, Министерството за внатрешни работи и Државниот пазарен инспекторат, со цел спречување на нелегалната трговија и обезбедување законски услови за продажба на храна. Ваквата координација меѓу институциите, како што велат, овозможува поефикасно откривање на случаите на продажба надвор од организираните пазарни простори. „Минатата недела, во рамки на акциите спроведени на скопскиот Зелен пазар и на пазарот во населбата Ѓорче Петров, запленети и уништени се над 5 тони небезбедна храна. Станува збор главно за овошје и зеленчук кои нелегално се продавале, надвор од пазарот, со што директно ја загрозуваат безбедноста на потрошувачите, но и ја нарушуваат конкуренцијата на пазарот, на штета на примарните земјоделски производители и легалните трговци“, соопштуваат од АХВ. Агенцијата за храна и ветеринарство нагласува дека ќе продолжи со спроведување на засилените контроли и во наредниот период, на различни локации во Скопје и низ државата. Целта, како што се наведува, е заштита на здравјето на потр