Ахмети: Пресудата во Хаг е неправедна, правната битка продолжува во жалбена постапка
FinPortal.mk · 16.9.2026 г.
Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, ја оцени како неправедна и длабоко разочарувачка денешната пресуда на Судот во Хаг против поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово, Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели и Реџеп Селими. Според Ахмети, судскиот процес не завршува со првостепената пресуда и одбраната ќе ја продолжи правната битка во жалбена постапка. Претходно денеска, поранешниот косовски претседател Хашим Тачи беше прогласен за виновен за воени злосторства и осуден на 25 години затвор пред Специјализираните совети на Косово во Хаг. На 25 години затвор е осуден и Јакуп Красниќи, Кадри Весели доби 18 години, а Реџеп Селими 13 години затвор. Четворицата поранешни водачи на ОВК се прогласени за кривично одговорни за самоволно лишување од слобода, сурово постапување, мачење и противправни убиства. Судот ги ослободи од обвиненијата за злосторства против човештвото, оценувајќи дека обвинителството не докажало дека злосторствата биле дел од распространет и систематски напад врз цивилното население. Ахмети на Фејсбук напиша дека во овие тешки моменти повикува на воздржаност и единство, со порака дека не треба да се падне во стапица чија цел е да создаде тензии, поделби или да ја оцрни ослободителната борба на народот во Косово. Тој посочи дека поранешните тврдења за трговија со органи не прераснале во обвиненија во овој процес, како и дека судот ги ослободил обвинетите од обвиненијата за злосторства против човештвото. Според Ахмети, ОВК настана како одговор на угнетувањето и се бореше за слободата на Косово, а поранешните тврдења за трговија со органи, кои со години фрлаа сенка врз ОВК и нејзините водачи, не прераснаа во обвиненија во овој процес. Тој порача дека со верба во правдата битката продолжува во жалбена постапка. Пресудата предизвика реакции и во Приштина, каде што илјадници граѓани изразија незадоволство од одлуката на судот. За пресудата за Тачи и другите лидери на ОВК реагираше и ВЛЕН, оценувајќи ја како неправедна, со п