Адора Бизнис Групацијата ги претставува регионалните проекти на Real Expo во Скопје
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Адора Бизнис Групацијата, градителска компанија чија приказна започнала во Македонија пред 25 години, на овогодинешното издание на саемот за недвижности Real Expo ќе го претстави своето актуелно портфолио и новите инвестициски можности. Саемот ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“, а компанијата настапува со проекти во Македонија, Грција, Србија и Словенија, со што ја потврдува својата определба за развој од Македонија кон регионот и Европа. Во фокусот на презентацијата е проектот Порта Скопје by Adora, современ станбено-деловен комплекс во центарот на Скопје, проектиран според европски стандарди за квалитет, функционалност и удобност во живеењето. Комплексот обединува современи станбени единици и модерен бизнис-центар, со што создава нова урбана дестинација во срцето на главниот град. Со овој проект Групацијата го продолжува своето присуство на македонскиот пазар на недвижности, каде што ја започнала својата дејност пред две и пол децении. Од грчкото крајбрежје, Адора го претставува станбениот комплекс во Неа Флогита, кој располага со пространа дворна површина, приватен паркинг и базен, на само 90 метри од морето. Комплексот е веќе завршен и пуштен во употреба, а неговите станари го дочекаа летото во својот нов дом покрај морето. Посебен акцент на саемот ќе биде ставен и на најавата за нов проект со луксузни вили непосредно до морето во Геракини, наменети за оние што бараат ексклузивно приморско живеење и инвестициски потенцијал. Новина на овогодинешното саемско претставување е и проектот Ivory by Adora во Љубљана, Словенија, со кој се остварува визијата на Душко Чифлиганец за проширување на градителската приказна кон Европа. Станува збор за модерен станбено-деловен објект на атрактивна локација во Љубљана, кој влегува во завршната фаза на реализација и со чие завршување започнува продажбата на становите. Со тоа Адора го означува своето навлегување на словенечкиот пазар, по проектите во Македонија и Грција. Како дополнителна инвестициска можност, Адора го претс