Административен службеник со две последователни оценки „не задоволува“ останува без работа по сила на закон
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Собранието ги донесе измените и дополнувањата на Законот за административни службеници и измените на Законот за административни службеници, двата по скратена постапка. Со новите законски решенија се воведува јасна правна последица според која на административниот службеник кој две години последователно ќе биде оценет со оценка „1 – не задоволува“ му престанува работниот однос по сила на закон. Предложените законски решенија, како што беше наведено, имаат за цел да обезбедат појасна, единствена, ефикасна и правно сигурна примена на прописите, уредувајќи го статусот на службениците во Службата на Собранието и регулаторните тела на исто ниво со другите посебни државни службеници. Со предложениот закон се укинува можноста за унапредување на административните службеници без објавување интерен оглас, со што се обезбедува еднаков пристап и примена на мерит системот. Истовремено, со законот се овозможува поекономично спроведување на постапките без неоправдано одолговлекување, при што се задржува правото на жалба. Токму одредбите што се однесуваат на санкциите за административните службеници беа меѓу точките на кои опозициската СДСМ имаше забелешки. Опозициската СДСМ не гласаше за законите и обвини дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ прво ја укинале независноста на собраниската служба, а сега ја враќаат. Координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски истакна дека во законот е ставена одредба за дисциплинирање на администрацијата, па и на Собраниската служба, како и дека до 2024 година Собраниската служба била независна. Според него, осамостојувањето на Собранието треба да продолжи и со независноста на собраниското обезбедување. Од друга страна, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски рече дека има закони што се добри и што не се добри и оти тоа што не се донело во 2019 година сега се исправа. „Една работа да пофалевте, да речете добро е – се исправи една работа“, рече Мицевски, додавајќи дека додека СДСМ биле на власт во периодот од 2019 до