30.10.2026 - Современ дом АД Прилеп - Други ценовно чувствителни информации

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Современ дом АД Прилеп за периодот јануари – септември 2026 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот и неконсолидиран Биланс на успех, соопшти друштвото преку СЕИНет. Вкупните приходи во наведениот период изнесуваат 77.099 илјади денари и во споредба со истиот период во 2025 година бележат зголемување од 2 отсто. Оперативните приходи изнесуваат 77.045 илјади денари, што е зголемување од 3 отсто во однос на 75.143 илјади денари остварени во истиот период лани. Од друштвото наведуваат дека во континуитет реализираат стабилни приходи од издавање на деловен простор и недвижности, со тенденција значајно да ги подобрат севкупните деловни резултати преку издавање на севкупниот недвижен имот расположлив за издавање. Финансиските приходи изнесуваат 54 илјади денари и се намалени за 75 отсто споредбено со 2025 година, кога изнесувале 217 илјади денари. Вкупните расходи во периодот јануари – септември 2026 година изнесуваат 63.957 илјади денари и бележат зголемување од 4 отсто во однос на истиот период од 2025 година. Оперативните расходи изнесуваат 58.516 илјади денари, што е зголемување од 11 отсто во споредба со 52.640 илјади денари лани, додека финансиските расходи изнесуваат 5.441 илјада денари и се намалени за 37 отсто. Нето добивката за периодот јануари – септември 2026 година е 13.142 илјади денари и е намалена за 6 отсто споредбено со претходната година, кога изнесувала 14.053 илјади денари. Во делот за дивиденда, друштвото информира дека на редовното Годишно собрание во мај 2026 година не беше донесена одлука за распределба на остварената нето добивка за 2025 година. Од почетокот на годината до датумот на објава на образложението, друштвото нема извршено исплата на дивиденда. Во наведениот период нема вложувања, продажба или отпис на материјални средства што претставуваат повеќе од 30 отсто од вкупната вредност на средствата на друштвото. Извршени се вложувања во објектите што друштвото ги користи за издавање под наем, со цел подобри усл

30.10.2026 - Современ дом АД Прилеп - Други ценовно чувствителни информации | FinPortal.mk

Современ дом АД Прилеп за периодот јануари – септември 2026 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот и неконсолидиран Биланс на ус