Голема победа на демократите. Конечно рамнотежа во САД
FinPortal.mk · 4.11.2026 г.
Соединетите Американски Држави се соочуваат со нова политичка неизвесност по вчерашните конгресни избори, на кои милиони Американци излегоа на гласање за да одлучат кој ќе ја контролира законодавната власт во Вашингтон.Овие избори, познати како среднорочни избори (Midterm Elections), се одржуваат на половина од претседателскиот мандат и традиционално претставуваат важен тест за актуелниот претседател и неговата администрација.Во центарот на вниманието беше контролата врз двата дома на Конгресот – Претставничкиот дом и Сенатот. Резултатот од гласањето ќе има директно влијание врз способноста на претседателот Доналд Трамп да ја спроведува својата политичка програма во преостанатиот дел од мандатот.Во текот на кампањата, двете политички партии се обидуваа да ги убедат гласачите дека токму нивната програма нуди решение за најголемите проблеми во земјата. Економијата, инфлацијата, цените на горивата, имиграцијата и здравствената заштита беа меѓу главните теми што ја одбележаа предизборната дебата.Сепак, најголемото изненадување на изборната ноќ беше убедливиот успех на Демократската партија. Според проекциите на американските медиуми, демократите освоија мнозинство и во Претставничкиот дом и во Сенатот, што претставува сериозен политички удар за Републиканската партија.Особено значајни беа победите во традиционално републикански држави како Тексас, Канзас и Јужна Каролина. Во Тексас, демократот Џејмс Таларико го победи републиканецот Кен Пакстон, постигнувајќи историски резултат во држава која со децении важеше за сигурно републиканско упориште.Eден од главните фактори за изборниот резултат беше незадоволството на граѓаните од економската состојба. Високите трошоци за живот, цените на горивата, царинската политика и надворешнополитичките одлуки на администрацијата беа меѓу прашањата што најмногу влијаеја врз гласачите. Според излезните анкети, речиси девет од десет гласачи ги сметале трошоците за живот за важен фактор при донесувањето на изборната одлука.Што значи ова за