Алкалоид со раст на продажбите и добивката во првите девет месеци од 2026 година
FinPortal.mk · 29.10.2026 г.
Скопје, октомври 2026 - Алкалоид АД Скопје ги заврши првите девет месеци од 2026 година со позитивни финансиски резултати, при што консолидираните продажби достигнаа 16,2 милијарди денари, што претставува раст од 7 проценти во однос на истиот период лани. Компанијата истовремено ја зголеми и нето-добивката на 1,54 милијарди денари, односно за 4 проценти повеќе во споредба со првите три квартали од 2025 година. Според објавените финансиски извештаи, приходите од продажба остануваат главен двигател на растот и учествуваат со 96 проценти во вкупните консолидирани приходи, кои достигнаа 16,9 милијарди денари. Во истиот период, вкупните консолидирани расходи изнесувале 15,13 милијарди денари, што е за 8 проценти повеќе од лани. Домашниот пазар бележи особено силен раст од 13 проценти и достигна продажба од 5,99 милијарди денари, со што неговото учество во вкупните консолидирани продажби се зголеми на 37 проценти. Странските пазари и понатаму остануваат клучен извор на приходи со удел од 63 проценти, а најголем раст е забележан во земјите од Југоисточна Европа, каде продажбите се повисоки за 7 проценти. Најголем придонес кон продажбите има фармацевтскиот сегмент, кој учествува со 92 проценти во вкупните консолидирани приходи од продажба и оствари раст од 7 проценти. Посебно се издвојуваат невролошките препарати со раст од 17 проценти, како и ОТЦ-производите и кардиолошките препарати, кои бележат пораст од 8, односно 6 проценти. Од друга страна, продажбата на антибиотици е намалена за 10 проценти, што компанијата го поврзува со намалената појава на бактериски инфекции. Оперативната добивка на групацијата достигна 1,89 милијарди денари, што е за 6 проценти повеќе од претходната година, додека ЕБИТДА порасна за 8 проценти и изнесува близу 3 милијарди денари. И покрај зголемените трошоци за зајакнување на продажните тимови на одредени извозни пазари, компанијата успеа да ја задржи профитабилноста и очекува овие вложувања да донесат дополнителни приходи во наредниот период. Во