Домашните инвеститори се повќе гледаат кон светските берзи

FinPortal.mk · 22.9.2026 г.

Интересот на македонските инвеститори за странските финансиски пазари продолжува да расте. Сè поголем број граѓани и компании дел од своите средства ги насочуваат кон акции, фондови и други финансиски инструменти што се тргуваат на меѓународните берзи, барајќи поширок избор и поголеми можности за принос.Експертите оценуваат дека ова е природен процес во услови кога пристапот до глобалните пазари е значително поедноставен отколку пред една деценија. Денес, преку домашни посредници и современи дигитални платформи, инвеститорите можат релативно лесно да купуваат хартии од вредност на американските и европските берзи.Сепак, ваквиот тренд отвора и прашања за развојот на домашниот пазар на капитал. Дел од финансиската јавност предупредува дека доколку најголемиот дел од инвестицискиот потенцијал се пренасочува надвор од државата, домашните компании потешко ќе доаѓаат до нов капитал преку берзанско финансирање.Според Штериев вкупниот промет на Македонската берза заклучно со 15 септември изнесува околу 89,8 милиони евра, што е околу осум отсто помалку од истиот период лани. Класичното тргување е намалено за 27 отсто, додека блок-трансакциите се зголемени за околу 159 отсто. МБИ10 на 15 септември изнесувал 9.151 поен, што е за 8,9 отсто помалку во однос на крајот на 2025 година.Потребни се нови можности за вложувањеСпоред познавачите на пазарот, еден од клучните предизвици е создавање повеќе атрактивни инвестициски можности во земјата. Нови котации на компании, поголема ликвидност и подобра промоција на берзанското финансирање би можеле да придонесат дел од капиталот да остане на домашниот пазар.Дополнително, се посочува дека даночната политика и регулаторната рамка треба да обезбедат еднакви услови за инвестирање, без разлика дали средствата се вложуваат во домашни или во странски хартии од вредност.Младите инвеститори ја менуваат сликатаЗначајна улога во овој процес имаат и младите генерации. Тие сè почесто покажуваат интерес за инвестирање и финансиско планирање, но најче

Домашните инвеститори се повќе гледаат кон светските берзи | FinPortal.mk

Прометот на македонската берза се намалува континуирано