Од првиот корпоративен Хуманитарен пикник во 2011 година до денес, преку Фондацијата „Трајче Мукаетов“ се собрани близу 14 милиони денари за поддршка на здравствени, хуманитарни, општествени и еколошки иницијативи.
FinPortal.mk · 19.9.2026 г.
На 12. Хуманитарен пикник на „Алкалоид“ беа собрани речиси 2,2 милиони денари наменети за набавка на современа медицинска опрема за Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“. Хуманоста и солидарноста отсекогаш биле дел од традицијата на „Алкалоид“. Во септември 2011 година, по повод 75-годишниот јубилеј на компанијата, овие вредности добија уште еден израз со започнувањето на корпоративната хуманитарна иницијатива наменета за вработените во „Алкалоид“, членовите на нивните семејства и/или нивните пријатели. Со текот на годините иницијативата прерасна во традиционален хуманитарен настан, чиј континуитет беше привремено прекинат единствено за време на ковид-пандемијата. Од првиот Хуманитарен пикник до денес собрани се близу 14 милиони денари наменети за поддршка на здравствени установи, хуманитарни и граѓански организации, деца, лица со ретки болести, ранливи категории и лица од третото доба, како и за иницијативи за заштита на животната средина. Сите досегашни донации се реализирани преку Фондацијата „Трајче Мукаетов“, основана од „Алкалоид“ во 2007 година. Годинава, во рамките на 12. издание, собрани се речиси 2,2 милиони денари, кои ќе ѝ бидат донирани на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“, за набавка на современ бронхолошки столб со фибербронхоскоп. „Особено сме благодарни што ’Алкалоид’, кој како и многупати досега, ја препознава важноста на вложувањето во здравјето и создавањето подобри услови за лекување на најмладите пациенти. Ваквата поддршка е пример за општествена одговорност која создава конкретна и трајна вредност за заедницата“, изјави проф. д-р Катерина Бошковска, директорка на ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“. Станува збор за специјализирана медицинска опрема која овозможува директен и прецизен преглед на дишните патишта со помош на тенок и флексибилен инструмент со оптички систем. Опремата се користи за навремена дијагности