Од дигитална зрелост до мерлив резултат: GoDigital на панелот за забрзана дигитализација на приватниот сектор
FinPortal.mk · 26.10.2026 г.
Проф. д-р Никица Мојсоска-Блажевски, главна извршна директорка на Центарот за дигитална трансформација GoDigital, учествуваше на панел-дискусијата „Предуслови и предизвици за забрзана дигитализација на приватниот сектор“, на која претставници на институциите, бизнис-заедницата, финансискиот сектор и организациите за поддршка на бизнисот разговараа за тоа како да се забрза дигиталната трансформација на македонските компании.Настанот се одржа во просториите на ИНОФЕИТ ЕДИХ во Скопје, во соработка со Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – IME, со фокус на практичната поддршка за компаниите, достапните финансиски инструменти и поврзувањето на различните чинители во екосистемот за дигитализација.На панелот учествуваа и Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација, проф. д-р Димитар Ташковски, директор на ИНОФЕИТ ЕДИХ, Јордан Димитровски, претседател на МАСИТ, и проф. д-р Ефимија Димовска, главна извршна директорка на Развојната банка на Северна Македонија. Дискусијата ја модерираше Горан Дамовски, директор на програмата IME.Од проценка до реална имплементацијаВо своето учество, Мојсоска-Блажевски го претстави практичното искуство на GoDigital во работата со микро, мали и средни претпријатија и потребата дигиталната трансформација да се гледа како целосен деловен процес, а не само како набавка на технологија.Моделот на GoDigital ја следи компанијата низ целиот процес:Digital Maturity Assessment (DMA) → GAP анализа → стратегија за дигитална трансформација → избор на решение и ИКТ-провајдер → имплементација → техничка верификација → мерење на деловниот ефект.Досега преку активностите на GoDigital се реализирани 24+ формални проценки на дигитална зрелост (DMA), подготвени се 15 стратегии за дигитална трансформација, а 9 компании веќе имаат завршени и технички верификувани дигитални имплементации.Поддржаните компании доаѓаат од различни сектори, меѓу кои производство на храна, земјоделство, дрвна индустрија, хотелиерство и туризам, млечна