Намалено ДДВ за дизелот, пониски цени до крајот на месецот

FinPortal.mk · 14.9.2026 г.

Владата одлучи да го намали ДДВ-то за дизел горивото од 18 на 10 проценти со цел да се ублажи влијанието од енергетската криза и можните проблеми во снабдувањето со горива. Мерката ќе важи од 15 до 28 септември. Според владините пресметки, намалувањето на ДДВ-то треба да доведе до поевтинување на дизелот за околу 2 денари по литар. Без оваа мерка, се очекувало цената да се зголеми за околу 5 денари, па со интервенцијата се избегнува дополнителен ценовен удар врз граѓаните и компаниите. Новата цена на дизелот се проценува на околу 99 денари за литар. Владата соопшти дека целта е да се заштити животниот стандард и да се намали финансискиот товар врз домаќинствата и стопанството. Истовремено, кај бензините се очекува зголемување на цените за околу 3,5 денари по литар. Надлежните најавуваат дека ќе ја следат состојбата на пазарот и доколку е потребно ќе преземат дополнителни мерки.

Намалено ДДВ за дизелот, пониски цени до крајот на месецот | FinPortal.mk

Целта е да заштити животниот стандард и да се намали финансискиот товар врз домаќинствата и стопанството.