Народната банка воведе привремена администрација во АЛТА банка, работењето продолжува непречено

FinPortal.mk · 2.11.2026 г.

Народната банка на Република Северна Македонија соопшти дека воведува привремена администрација во „АЛТА банка“ АД Битола, нагласувајќи дека мерката е привремена и има за цел да ги заштити Банката, штедачите и другите доверители до разрешување на сопственичките прашања.Според Народната банка, одлуката е донесена исклучиво поради настаните поврзани со акционерот со квалификувано учество, „Алта банка“ АД Белград. Од централната банка потенцираат дека оваа мерка не значи затворање на банката, ниту пак активирање на механизмите за исплата на депозитите преку Фондот за осигурување депозити.Во соопштението се наведува дека „АЛТА банка“ АД Битола продолжува редовно да функционира и да ги обезбедува сите основни услуги за своите клиенти. Банката не е во стечајна постапка и не ѝ е одземена дозволата за работа. Од Народната банка дополнително истакнуваат дека институцијата е ликвидна, високо капитализирана и располага со солиден квалитет на кредитното портфолио, при што нејзиното работење останува под непосреден супервизорски надзор.Привремената администрација подразбира управувањето со работењето и имотот на банката времено да биде доверено на лица назначени од Народната банка. Целта е да се зачува стабилноста на институцијата и да се заштитат интересите на штедачите додека се спроведуваат неопходните промени во сопственичката структура.Во рамки на мерката се воведени и одредени ограничувања во однос на одливот на средства. Средствата на клиентите остануваат на нивните сметки, но е ограничена динамиката на нивно повлекување со цел да се избегне нагло намалување на ликвидноста што би можело да влијае врз сите клиенти на банката.За физичките лица е утврден неделен лимит од 10.000 денари за одлив на средства, кој може да се користи преку платежните картички за подигнување готовина и плаќања кај трговци. Истовремено, внатрешните трансакции во рамките на банката остануваат достапни без ограничување.Кај правните лица се дозволени само внатрешни плаќања кон други сметки во рамките

Народната банка воведе привремена администрација во АЛТА банка, работењето продолжува непречено | FinPortal.mk

Целта е да се зачува стабилноста на институцијата и да се заштитат интересите на штедачите додека се спроведуваат неопходните промени во сопственичката структур